Амаерика гласа за за поддршка на женските права

Флорида не го изгласа предлогот абортусот да биде уставно право на секоја жена

Во моментов пристапот до абортус е строго ограничен откако Врховниот суд во 2022 година го поништи 50 години старата пресуда Ро vs. Вејд, која го легализираше абортусот на национално ниво.

Гласачите во 10 сојузни држави ширум САД гласаат за прописите за абортус. Во моментов пристапот до абортус е строго ограничен откако Врховниот суд во 2022 година го поништи 50 години старата пресуда Ро vs. Вејд, која го легализираше абортусот на национално ниво.

Некои држави одржаа локални гласања за тоа дали да усвојат правна заштита на локално ниво.

Предлогот абортусот да биде уставно право во Флорида не доби доволно поддршка за да помине. Правилата таму диктираат дека најмалку 60% од гласачите мора да гласаат за предлогот за тој да помине.

Абортусот во моментов е нелегален на Флорида по шест недели бременост. Ако некое лице сака абортус пред шестата недела, Флорида бара две посети на клиника лично, со разлика од 24 часа. Постојат некои исклучоци од овие прописи.

Ова е значајно затоа што е првпат иницијативата во целата држава дизајнирана да го заштити пристапот до абортус не успеа да помине до 2022 година.

Американските држави Њујорк и Мериленд пак за разлика од Флорида, го усвоија амандманот за правата на абортус, јави Ен-Би-Си Њуз.

Во Њујорк „за“ гласале 1.975.804 гласачи или 71,7 отсто, а против 781.677 или 28,3 отсто.

Во Мериленд 1.159.581 гласач или 74,2 отсто гласале „за“, додека 402.191 или 25,8 отсто гласале против.

Во Аризона гласовите за овој амандман се уште се бројат, но според проекциите на некои медиуми, изгледа дека ќе биде усвоен

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни