Flix со 65 нови брзи возови ќе му конкурира на германскиот железнички гигант Deutsche Bahn

Компанијата Flix, позната по својата мрежа на автобуски превоз FlixBus, планира голема експанзија на железничкиот пазар во Германија. Со нарачка од 65 нови брзи возови, Flix ќе му стане сериозна конкуренција на националниот оператор Deutsche Bahn.

Првите 30 возови се веќе купени од шпанскиот производител Talgo, и ќе можат да достигнат брзина до 230 км/ч, со пристап без скали – погоден и за лица со попреченост. Flix има и опција за дополнителни 35 возови.

Вредноста на целата инвестиција изнесува 2,4 милијарди евра, а ова е значителен чекор напред за компанијата што досега оперираше со само 13 возови, управувани преку партнерски фирми.

Иако FlixTrain нуди помал број услуги, неговите цени се значително пониски од оние на Deutsche Bahn, што го прави популарна опција меѓу патниците кои сакаат поволно да патуваат на долги релации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни