11 март 20.00 часот Галерија 2 во МКЦ

Фламански тенденции на Васко Ристовски во МКЦ

Васко Ристовски е сликар на наивата од Македонија. Тој е роден 1967 година во Скопје, Република Македонија. Дипломира на земјоделскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиj” во Скопје, во 1991 година. Со сликарство се занимава од 1995 година. Работи масло на стакло.

Како сликар на наивата, речиси единствен во Македонија, се занимава 30 години (од 1994 година). Од 2021 година работи и масло на платно.

 Самостојни изложби

2020   Mузеј на РСМ 2015   НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, 2014    ЈУ Младински Културен Центар Скопје, 2011    Скопје, Национална галерија на Македонија, Објект Чифте Амам 2008    Скопје, Галерија Оливер 2004    Скопје, Музеј на град Склопје 2002    Скопје, Галерија КО-РА 2001    Белград, Галерија Никола Пашич

По 35 години работа масло на стакло во стилот на наивното сликарство, конечно успева да излезе од тие рамки; во новите дела се чувствува особен афинитет кон класичното (рано) ренесансно, барокно и фламанското сликарство. Оваа изложа претставува обид да се претстават дела настанати во изминатите три години, овој пат во техника масло на платно. Делата се направени во манир на фламанските мајстори со извесна доза на модерно сликарство. Тоа е логичен след, ако се знае дека наивното сликарство како основа го има токму фламанскиот барок. Платното, како технички предизвик, од своја страна, значи и стремеж кон константно развивање на својата индивидуална креација.

Изложбата ќе може да се посети до 23 март.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни