Дури и за луѓето кои ги поминале своите дваесетти, триесетти и четириесетти во добро здравје, педесеттите може да бидат тешка деценија. Во педесеттите години доаѓа до побрзо губење на мускулите, што го прави телото послабо. Дополнително, жените во педесеттите минуваат низ менопауза, што може да донесе фрустрирачки несакани ефекти како зголемување на телесната тежина.
Како фитнес професионалец специјализиран за помагање на жени над 50 години, Шелеа Фаулер е запознаена со пречките што ги носи стареењето и може да го отежне одржувањето во форма. Но, на 57 години се чувствува подобро од било кога. Открила три правила кои и помогнале да го трансформира своето тело.
Прво престана да пуши. Таа потоа престана да јаде високо преработена храна или било што со додаден шеќер. Во исто време, таа почна повеќе да вежба, фокусирајќи се на формите на движење кои и даваа радост. „Сметам за себе како експеримент и само решив да пробам различни работи и да видам што најмногу ми одговара“, изјави таа за Парад.
Таа истакнува дека постојат три клучни типа на фитнес кои ги прави редовно за да остане во форма: истегнување, кардио и тренинзи за сила.
- Истегнување
Како и многу луѓе, Фаулер вели дека поминува многу време седејќи пред компјутер, така што неколку минути истегнување секој ден е важно за да се отстранат некои од штетите што ги предизвикува, како што се стутканите раменици.
„Се фокусирам на истегнувања кои го движат моето тело спротивно од тоа како седам“, вели таа. Таа, исто така сака да прави мали паузи во текот на денот за да прави вежби за рамнотежа, како стоење на едната нога.
- Кардио
Освен што вградува што е можно повеќе одење во нејзиниот ден, како што е одење додека е на телефон, Фаулер вели дека практикува спринт. „Во текот на денот ќе одам во дворот и ќе спринтам најбрзо што можам додека не морам да застанам. Ова го правам четири пати“, објаснува тренерот. - Тренинг за сила
Фаулер наведува дека тренингот за сила е клучен за одржување на мускулите и силата за да се спречи слабоста. Тоа е исто така важно за одржување на силни коски. „Сакам да ги вежбам рацете и рамената бидејќи таму ги гледате најбрзите резултати“, вели таа, додавајќи дека вежба и тренинзи за сила за долниот дел од телото, но не ужива толку во тоа.
Заклучува дека тренинзите за сила се важни за независноста во староста, за способноста да се носат намирници и да се отвораат тегли без ничија помош.
Фото: pexels