Новата операција на НАТО за зајакнување на одбраната на источната граница на воениот сојуз се однесува и на источната граница на Финска, изјави денеска финскиот премиер Петери Орпо.
Во изјава за финската телевизија YLE, Орпо истакна дека Финска е вклучена во планирањето на операцијата за надзор и одбрана, иако не е официјално наведена како земја учесничка.
Според податоците на НАТО, земји учеснички во новата операција „Источна стража“ (Eastern Sentry) се Данска, Франција, Велика Британија и Германија. Финска, иако не е јавно наведена како директен учесник, сепак е дел од поширокото стратегиско планирање и координација.