Финскиот премиер Петери Орпо: Новата операција на НАТО ќе ја зајакне источната граница на Финска

Финскиот премиер Петери Орпо изјави дека новата операција на НАТО „Источна стража“ ќе помогне во зајакнувањето на источната граница на Финска, иако земјата не е формално наведена како учесничка.

Новата операција на НАТО за зајакнување на одбраната на источната граница на воениот сојуз се однесува и на источната граница на Финска, изјави денеска финскиот премиер Петери Орпо.

Во изјава за финската телевизија YLE, Орпо истакна дека Финска е вклучена во планирањето на операцијата за надзор и одбрана, иако не е официјално наведена како земја учесничка.

Според податоците на НАТО, земји учеснички во новата операција „Источна стража“ (Eastern Sentry) се Данска, Франција, Велика Британија и Германија. Финска, иако не е јавно наведена како директен учесник, сепак е дел од поширокото стратегиско планирање и координација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни