Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изрази задоволство од плановите шест членки на НАТО, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција, да учествуваат во формирањето на копнени сили во северна Финска.
Финска, која ја има најдолгата граница со Русија од сите членки на НАТО, ги засили безбедносните мерки во последните две години откако поради конфликтот во Украина во 2022 година се приклучи на воениот сојуз.
„Многу сум задоволен што вчера, за време на министерскиот состанок, можевме да објавиме дека Шведска, Велика Британија, Франција, Норвешка, Данска и Исланд ќе се приклучат на FLF Финска“, рече Хаканен на платформата Икс, осврнувајќи се на таканаречените Напредни копнени сили на НАТО.
Хелсинки и Стокхолм минатата година се договорија Шведска да го предводи воспоставувањето на копнени сили на НАТО во Финска и ги поканија другите сојузници да учествуваат.