Во февруари, во Каустинен на западот на Финска, беше отворен првиот рудник за литиум кој ја воспоставува целата вредносна низа на овој минерал на европска територија. Од рудникот до преработката и до готовите батерии за електрични автомобили, целиот процес се одвива локално, со цел намалување на зависноста од увоз, особено од Кина.
Во овој момент експлоатацијата се врши преку површински копови, додека подземното рударство е планирано да започне наесен. Паралелно, во Кокола, на брегот на Балтичкото Море, започна работа и фабриката за преработка на рудата. Двете инвестиции, вредни околу 800 милиони долари, добија силна поддршка откако беа вклучени во листата на 47 европски проекти за 14 критични минерали. Европската Унија ги поттикнува овие проекти со цел намалување на увозната зависност и обезбедување на одржливо снабдување.
Проектот го води компанијата Keliber, во сопственост на јужноафриканската Sibanye-Stillwater (80%), додека остатокот е во сопственост на Fins Minerals, целосно државна компанија. Рудникот фабриката треба да вработат околу 350 лица, обезбедувајќи локални работни места и развој на индустриски капацитети.
Европската Унија има повеќе од 20 проекти за експлоатација на литум во подготовка, со цел да се обезбеди блиску производство, преработка и рециклирање. Целта е до 2030 година да се произведе најмалку 10% од потребите на европските фабрики, 40% да се преработи во Европа, а 25% да се добие од рециклирани извори. Останатите 25% ќе се увезуваат, но никоја земја не смее да обезбедува повеќе од 65% од една суровина во било која фаза.
Најголеми резерви на литум во Европа има Германија, особено во термални води во сливот на Горна Рајна, со потенцијал за 40.000 тони литум хидроксид годишно. Во Чешка се наоѓа најголемото литумско наоѓалиште во карпи, со 7,38 милиони тони, кое ќе биде значаен европски снабдувач преку проектот “Cinovec”. Франција и Велика Британија исто така започнуваат проекти за експлоатација и преработка на литум, со цел обезбедување локални извори за електрични автомобили и индустриски потреби.