Финска- апсолутни фаворити за победа на Евровизија 2026

Ако предвидувањата се остварат, Финска би можела да го повтори успехот од 2006 година, кога победи со песната „Hard Rock Hallelujah“.

Линда Лампениус и Пит Парконен со песната „Liekinheitin“ ќе ја претставуваат Финска на Евровизија оваа година во Виена. Нивната победа на UMK, финскиот национален избор, беше убедлива, а песната веќе освојува симпатиите ширум Европа. Комбинацијата на рок, класична и танцувачка музика ги направи фаворити на европските обложувалници.

Линда е светски позната виолинистка, додека Пит е поп и соул пејач, познат од шоуто „Idols“.

Финска, според тековните прогнози, е на врвот на листата фаворити за оваа година, додека Грција и Данска следат веднаш зад неа. Ако предвидувањата се остварат, Финска би можела да го повтори успехот од 2006 година, кога победи со песната „Hard Rock Hallelujah“.

Финалето на UMK се одржа во Nokia Arena во Тампере, каде седум изведувачи се бореа за титулата. Победникот беше избран со комбинација на гласови од публиката (75%) и меѓународно жири (25%). „Liekinheitin“ освои дури 570 поени, речиси трипати повеќе од второпласираната песна „Takatukka“ на Анти Пааланен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни