Финансиска шанса од ЕУ: Аплицирајте за проекти во програмата Креативна Европа 2025!

Министерството за култура и туризам информира дека е објавен Конкурсот за учество во финансирање проектни активности на правни лица од Република Северна Македонија во европски проекти кои се поддржани од потпрограмата Култура на Креативна Европа 2021 – 2027 на Европската Унија за 2025 година.

Конкурсот има цел да се обезбеди развој на културниот и креативниот сектор, промоција на разновидноста на културните изразувања и афирмација на македонската култура надвор од границите на нашата држава преку јакнење на европската културна соработка и реализација на културни активности во земјава и надвор од нејзините граници.  

Право на учество на Конкурсот имаат правни лица: установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица кои се регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејност од областа на културата во согласност со закон.

Критериумите и мерилата за оцена на проектните активности во европските проекти се содржани во пријавата која е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-страницата на Министерството за култура и туризам  www.kultura.gov.mk, додека, пак, правните лица кои членуваат во европски мрежи поддржани од потпрограмата „Култура 2021 – 2027“ пополнуваат посебна пријава која, исто така, е составен дел од Конкурсот.

Пријавите се доставуваат до Министерството по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје) со датум на поштенскиот жиг, или лично во писарницата на Министерството за времетраењето на Конкурсот.

Конкурсот ќе трае до 21.2.2025 година, до 12:00 часот.

Пријавите кои се ненавремени, односно се доставени по истекот на рокот утврден во Конкурсот, кои не ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот и кои не се целосно и соодветно пополнети нема да бидат разгледувани. Документите и материјалите доставени со пријавите на Конкурсот не се враќаат.

За резултатите од Конкурсoт, подносителите на пријавите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата, а резултатите ќе бидат објавени и на веб-страницата на Министерството.

За реализација на прифатениот проект, Министерството ќе склучи договор со учесникот што добил поддршка на Конкурсот, во кој ќе се утврдат условите и обврските за користење на средствата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни