Џек (26) од Лемингтон, населба во Њукасл на Тајн, стана препознатлив не по танцувачките движења или златните очила, туку по фризурата што потсетува на класичен „боб“ или – како што се пошегуваа корисниците на TikTok – шишање со чинија.
Снимка од него како танцува на плажа со мал розов коктел во рака брзо се прошири по платформата X (поранешен Twitter), по што интернет заедницата го круниса за „финален бос“ – последното ниво кое треба да го совладаш на Ибица.
Во првото јавно обраќање, Џек им се заблагодари на сите што му испратиле пораки:
„Ќе се обидам да одговорам на сите што побрзо. Малку ми е многу сето ова, навистина. Јас сум само обичен човек од Њукасл.“
Но, интернетот не запира тука. Интересот за неговата биографија нагло порасна кога „Дејли Мејл“ откри дека Џек е син на Џон Едвард Кеј (45) – осуден вооружен ограбувач кој поминал повеќе од една деценија зад решетки.
Неговиот татко последен пат бил затворен во 2023 година, по инцидент на Бадник 2021, кога провалил во дом на постар маж додека тој спиел. По бучава, жртвата се разбудила, а Кеј ги украл клучевите од автомобилот од трпезариска маса и побегнал со возилото. Судот го осуди на две и пол години затвор, оценувајќи го инцидентот како „ужасно искуство“ за жртвата.
Џон Кеј претходно бил затворен и во 2015 година, поради кражба на накит и лични предмети во вредност од 700 фунти, како и во 2009 година, кога се обидел да ограби киоск со огнено оружје.
Џек, сепак, се обидува да се дистанцира од семејното минато. По објавата на фотографија со ко-сопственикот на „Ocean Beach Ibiza“, Тони Труман, кратко најави и: „Големи вести следуваат, останете поврзани.“
Извор:Dailystar