Актуелниот светски првак Германија и репрезентацијата на Турција денеска од 20.00 ќе го играат финалниот меч на Евробаскетот.
И двете репрезентации се без пораз, но вечерва една од нив ќе мора да загуби и да се задоволи со сребрениот медал.
За Германија ова ќе биде шанса да го освои вториот златен медал на Европското првенство откако тоа последен пат им успеа во 1993, додека за Турција ова е второ финале по 2001 годиа кога беа сребрени на домашен терен.
Турција се надева на добра тактика од селекторот Ергин Атаман, додека во Германија сите очи ќе бидат вперени во тандемот Шредер – Вагнер.
Претходно, од 17.00 часот се игра дуелот за трето место помеѓу репрезентациите на Грција и Финска.