Филозофскиот Факултет го слави Денот на младите

12 август, Меѓународниот ден на младите го одбележува и Филозофскот Факултет во Скопје.

,,Денес, го славиме денот на младите и нивната важност во општеството. Филозофскиот факултет со гордост ги истакнува следните достигнувања и активности посветени на младите:

Вклучување на студентите во практична настава: Нашите студенти добиваат уникатна можност за стекнување практично искуство преку учество во различни проекти и активности.

Отворање на последипломски студии по младинска работа: Единствен факултет во Македонија кој нуди ваква програма, подготвувајќи ги студентите за важната улога на младинските работници.

Организација на обуки, семинари и конференции: Со цел да ги прошириме знаењата и вештините на нашите студенти, активно организираме и поддржуваме различни настани.

Поддршка на неформални активности: Преку воннаставни активности, ги охрабруваме младите да бидат дел од заедницата и да придонесуваат за нејзиниот развој.

Веруваме дека младите се иднината: Затоа, посветуваме посебно внимание и поддршка на нивниот раст и развој.

Младите се нашата надеж, инспирација и сила за подобра иднина. Ви благодариме што сте дел од ова семејство и што ја градиме иднината заедно, порачуваат од Филозофскиот факултет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни