Филмски препораки за јуни

Јуни традиционално ја отвора летната филмска сезона со долгоочекувани премиери од сите жанрови – од блокбастери, преку мрачни трилери, па сè до авангардни Нетфликс проекти и носталгични продолженија. Ги издвојуваме неколкуте филма кои се најавуваат како највозбудливи овие денови:

„28 години подоцна“
Вирусот е сè уште тука, а опстанокот е уште потежок. Авторите на оригиналниот култ-филм „28 дена подоцна“, Дени Бојл и Алекс Гарланд, се враќаат со нова, интензивна хорор епизода. Во Велика Британија доминираат „заразените“, но едно мало островче сè уште одолева…
Меѓународна премиера: 18–20 јуни
Улоги: Ралф Фајнс, Џоди Комер, Арон Тејлор-Џонсон

„Среќниот Гилмор 2“
Адам Сендлер се враќа со продолжение на една од своите најлегендарни улоги. Секој што некогаш го пробал „замафот на Гилмор“ знае што значи ова. Подгответе се за нова доза спортска комедија!
25 јуни на Netflix

„Цигла“
Дистописки трилер со многу прашања и малку одговори. Тим и Оливија се будат затворени зад огромен, непробоен ѕид што никнал преку ноќ. Дали тоа е експеримент? Казна? Или нешто друго?
Премиера: 10 јули на Netflix

„Ловци на демони од К-поп“
Кога не пеат, тие се борат со демони! Новата анимирана авантура на Нетфликс ги следи тајните идентитети на три К-поп ѕвезди – Руми, Мира и Зои – кои ја спасуваат планетата додека носат блештав костим и добар ритам.
Премиера: 20 јуни на Netflix

Овој јуни, нека ви биде исполнет со филмска магија и добар звук. Кој од овие филмови прв ќе го ставите на листата за гледање?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни