Филмски грабеж во Италија: Разнесено комбе со пари на автопат

Според последните информации, напаѓачите дигнале во воздух две возила за пренос на готовина, а не само едно, како што првично се веруваше

Драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на пари се случи утрово на автопатот во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, пишува Раи Њуз .

Истрагата е во тек: Осомничените се уапсени, а други се бараат

Во брза операција на полицијата во Лече, уапсени се две лица осомничени дека се членови на бандата. Тие беа лоцирани во северната област Саленто, каде што органите на редот веднаш започнаа потрага. Истрагата е во полн ек, додека потрагата по другите членови на групата продолжува. 

Според последните информации, напаѓачите дигнале во воздух две возила за пренос на готовина, а не само едно, како што првично се веруваше, објавува „Раи њуз“ . Нападнатото возило е на компанијата BTV Battistolli, а за да го спречат, разбојниците блокирале друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.

Целосен прекин на сообраќајот

По нападот, државниот пат Бриндизи-Лече е привремено затворен за сообраќај во двата правци. Според компанијата Анас, која е одговорна за одржување на патиштата, затворањето се однесува на делница од 8,3 до 12,8 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика. Екипите на Анас и полицијата се на местото на настанот, го регулираат сообраќајот и работат на воспоставување нормални услови што е можно поскоро, се вели во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни