Филмска работилница “Наследниците на Манаки”

Темата на работилницата беше екологија, составена од кратки филмски лекции и практична работа

Наследниците на Манаки е проект за филмска писменост и креативна едукација од областа на филмот и аудио-визуелното наследство, инспириран и посветен на делата на браќата Манаки, наменет за ученици од средните училишта во Битола.

Филмската работилница ја збогатуваа својата програма со нова содржина. Нашиот кинематографер Димо Попов направи прирачник за младите сниматели, наследници на браќата Манаки, “Кинематографер-камера за почетници во 10 лекции“, позади кој застана комапнијата БИМИЛК како спонзор.

Темата на работилницата беше екологија, составена од кратки филмски лекции и практична работа.

Учесниците следеа проекции на кратки филмски лекции за браќата Манаки, камера за почетници, проекција на филмовите на браќата Манаки и практична работа, а на крајот беа доделени сертификати и проекција на филмските етиди од работилницата

Работилницата ја водеа Марија Џиџева и Димо Попов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни