Кинотека на Македонија

Филмска недела посветена на 100-годишнината од раѓањето на Марлон Брандо

По повод 100 години од раѓањето на познатиот актер Марлон Брандо, во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани три филма и тоа на 35мм лента, оригинален формат, како во времето кога биле премиерно прикажувани.

Во понеделник на 17 јуни во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот Да живее Запата, снимен 1952 година во режија на Елија Казан.

Во вторник, на 18 јуни во 20 часот, на репертоароте е Квемада-островот во пламен, снимен 1969 година во режија на Џило Понтекорво.

Во сабота на 22 јуни во 20 часот ќе се прикаже филмот Југозападно од Сонора од 1966 во режија на Сидни Џ. Фјури.

Американски ловец, британски платеник и мексикански револуционер – во каква и да е улога, актерската легенда Марлон Брандо доминира на екранот. Неговото специфично, артистичко умеење секогаш ја фасцинира филмската публика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни