Филмовите на Марчело Мастројани и Кери Грант во Кинотека

Кинотека ќе прикаже филмови со Ален Делон, кој пред извесно време почина, но и на пред 100 години па и повеќе, родените Марчело Мастројани и Кери Грант. Тројцата останаа запаметени не само по артистичкото умеење туку и по својата убавина, харизма како своевидни Аполони

Македонска кинотека секогаш е актуелна. Одбележува, слави, потсетува навреме за сето она што треба да остане во колективната меморија како достигнување на филмската уметност.

Не е важно дали станува збор за филм како целина, за режисер, за сценарист, за артисти, за сниматели односно за секој што учествувал во креирањето на творбата, популарно наречена сликите што се движат. Така ќе биде и овој октомври. Кинотека ќе прикаже филмови со Ален Делон, кој пред извесно време почина, но и на пред 100 години па и повеќе, родените Марчело Мастројани и Кери Грант. Тројцата останаа запаметени не само по артистичкото умеење туку и по својата убавина, харизма како своевидни Аполони. Ќе се одбележат филмските достигнувања на нашата неодамна почината Снежана Стамеска. Ќе биде прикажан ЖЕД (1971), филмското дело на Димитрие Османли, по сценарио на Живко Чинго, во кој една од главните улоги ги имаше токму Снежана односно Снешка како што ја нарекуваа нејзините пријатели и почитувачи. Почитувачите, пак, на легендарниот Кери Грант, кој оваа година би полнел 120 години, ќе можат да го видат филмот ШАРАДА.

Целосна Програма

https://kinoteka.mk/programa-oktomvri-2024/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни