Прво, „Кајмак“ имаше проекција во Калкута, Индија, на 9 септември, како дел од Европскиот филмски фестивал. Поточно, „Прашина“ се прикажува овој месец и следниот во повеќе хрватски градови, во организација на Македонската Кинотека. „Пред дождот“ ќе биде прикажан на 3 октомври во Париз, на Универзитетот Сорбона Нувел, во соработка со Астер фестивалот.
Сите три филмови се македонски копродукции. „Пред дождот“ е копродукција со Велика Британија и Франција, „Прашина“ со Велика Британија, Германија и Италија, додека „Кајмак“ е заеднички проект со Данска, Холандија, Хрватска и Албанија.
Главните улоги во „Пред дождот“ (1994) ги играат Раде Шербеџија, Катрин Картлиџ, Грегоар Колан, Лабина Митевска, Петар Мирчевски и Љупчо Бреслиски. Во „Прашина“ (2001) настапуваат Дејвид Венам, Џозеф Фајнс, Роузмари Марфи, Адриан Лестер, Владо Јовановски и Николина Кујача. Во најновиот филм „Кајмак“ (2022) главни улоги имаат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Александар Микиќ и Филип Трајковиќ.
Сите три филмови досега се дистрибуирани во бројни земји и се дел од наставните програми на престижни универзитети ширум светот.