Филмови за Чет Бејкер и Џо Страмер вечерва на „Скопје синема сити“

Два долгометражни документарци се на програмата на Фестивалот на документарни филмови „Скопје синема сити“ вечерва во летното кино на Кинотеката. „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ во режијана Брус Вебер ќе биде прикажан во 20.15 часот, а два часа подоцна, следува „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“ на Џулијан Темпл.

Филмот „Ајде да се изгубиме“ е фокусиран на турбулентниот живот и кариера на џез трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки кои режисерот Вебер ги употребува за да покаже портрет на еден џез музичар чиј живот бил обележан од долго користење дроги.

Филмот на Џулиен Темпл „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“ е трибјут на еден од највлијателните и најсаканите британски музичари познат како фронтменот на групата The Clash. Како фронтмен на групата The Clash почнувајќи од 1977 година, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен четири години по неговата смрт во 2022 и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.

10. јубилејно издание на фестивалот беше отворено синоќа во „Мирно лето“ во Кинотеката. Преку видеопорака се обрати и Збигњев Прајснер, по повод наградата што ја доби од фестивалот за животно дело.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни