Филмови од школата на Македокс во Синдикална култура

Во кафе бар Синдикална култура, се оддржува четврто издание на проекции на филмови на школата на Македокс, Докуникулци.

Во четврток 20.02., со почеток во 20 ч. во кафе бар Синдикална култура, ќе се оддржи проекција на филмовите „Уметност над уметностите“, „После Марко“ и „Кино Мортус“.

Влезницата, повторно е на база на донации и е под мотото „кој колку може“, а собраните средства се насочуваат во организацијата Ретвитни оброк.

Во прилог го имате синопсисот на 2 од трите филма што ќе се прикажуваат, затоа што третиот сам по себе налага да се погледне наместо да се раскаже.

„После Марко“

Приказната ги претставува сите закани за критично загрозениот балкански рис, луѓето што се залагаат за неговиот опстанок и предизвиците со кои се соочуваат. Може ли некој да стави цена на национално непроценливо богатство на природата во екосистемот?

Режија: Мила Макаровска
Сценарио: Мила Макаровска
Фотографија: Оливер Милески
Уредување: Леон Шумански
Музика: Ади Имери
Продукција: Филмско училиште Македокс

Кино „Мортус“

Времепатување во сцената на кино сали во Скопје. Тестаментите на двајцата познавачи на филмот, Илинденка Петрушева и Влатко Галевски, ја раскажуваат приказната за славните денови. Коктел од анегдоти служено со навестување на носталгија ја отсликува иронијата на состојбата во која денес остануваат овие сали за кино.

Режија: Ивана Цветаноска
Сценарио: Ивана Цветаноска
Фотографија: Антонио Мирикоски, Матеа Козовски
Уредување на Оливер Милески
Звук Леон Шумански
Продукција Македокс филм  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни