Филмот за овчари од Македонија „Планината не оди никаде“ со награда на Меѓународен фестивал на филм во Мексико

Филмот е за тројца браќа овчари во Македонија кои со стадото живеат по неколку месеци на планина на 2.400 метри надморска висина

„Планината не оди никаде“ во режија на Петра Селишкар ја освои награда за најдобар социо-еколошки филм на престижниот FICG – Интернационален фестивал на филм во Гвадалахара, Мексико.

„FICG е еден од најзначајните филмски фестивали во Латинска Америка, кој слави силни гласови и инспиративни приказни од целиот свет – и ни претставува голема чест што сме дел од тоа друштво“ велат од Агенцијата за филм

Филмот, кој е словенечко-француско-македонска копродукција, е за тројца браќа овчари во Македонија кои со стадото живеат по неколку месеци на планина на 2.400 метри надморска висина.

Ова е осми долгометражен документарец на Селишкар, која е основач и беше директорка на македонскиот фестивал на документарни филмови МакеДокс во Скопје.

Сценариото е на Селишкар и Танкред Ривиер, директор на фотографија е Бранд Ферро, монтажери се Лорелин Делом и Сашко Мицевски, а музиката е на Изток Корен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни