Во раните 1990-ти, обидувајќи се да го финансира својот прв долгометражен филм „Улични кучиња“, Тарантино бил приморан да ги продаде сценаријата за „Вистинска романса“ и „Родени убијци“. Иако првично требало самиот да го режира „Родени убијци“, проектот го презеде Оливер Стоун, кој направи драстични измени на сценариото. Наместо оригиналната субверзивна и двосмислена визија на Тарантино, Стоун се насочил кон комерцијален успех.
Тарантино уште во 1994 година за „Лос Анџелес тајмс“ изјавил дека не сакал неговиот „Pulp Fiction“ да се натпреварува со верзијата на „Родени убијци“, токму поради тоа што сметал дека филмот е „искривување“ на неговата идеја. „Јас сакам публиката самата да извлекува заклучоци, а Стоун мисли дека мора на сите да им ја сервира пораката“, нагласил тој.
Подоцна отворено признал дека би сакал филмот никогаш да не бил снимен и дека неговото сценарио останало „чисто“. Иако обидот да ја објави оригиналната верзија завршил со тужба, режисерот никогаш целосно не се помирил со начинот на кој е обликуван филмот.
Иронијата е што токму таа жртва му овозможила да го реализира култниот трилер „Улични кучиња“ (1992), филм што ја започна неговата блескава кариера.
Извор: N1info.rs