Гала филмска вечер „Кан во Скопје“ по повод јубилејот на Францускиот Институт во Скопје

Филмот „Втор чин“премиерно во „Синеплекс“

Вчеравечер на гала филмската вечер „Кан во Скопје“, во киното „Синеплекс“, во Скопје Сити Мол, ексклузивно беше прикажан филмот „Втор чин, филм со којшто се отвори овогодишното издание на Канскиот фестивал.

Премиерата на филмот е дел од програмата за одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.

Филмот е во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон во главните улоги.

Францускиот Институт, со оваа премира донесе дел од богатата француска кинематографија во Скопје. Филмот „Втор чин“ според критичарите е несоменено еден од најдобрите филмови на Дипје.

Француските медиуми за филмот напишаа:

Фигаро: „Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи ѝ се на политичката коректност. Филмот е полн со спонтан хумор“

Eхо: Дипје е неуморен: тој „поставува на сцена“ четворица збунети ликови и создава од нив една апсурдна фикција. Вистински успех!

Вчерашната премиера во организација на Францускиот Институт, беше несомнено настан кој донесе дел од Канскиот Фестивал во Скопје. Уште еден од низата извонредни настани кои овие неколку недели имаме можност и чест да ги видиме како дел од Програмата за одбележување на 50 години постоење на Француски институт во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни