Филмот на Иван Мариновиќ ,,Здрави и Живи” во Кинотека на Македонија

По премиерата на годинешното издание на Синедејс, филмот ќе има проекции и во Кинотека на Македонија и тоа на 5 ти септември, 23 и 25 септември од 20.00 часот

Филмот на Иван Мариновиќ ,,Здрави и Живи” по премиерата на годинешното издание на Синедејс, ќе има проекции и во Кинотека на Македонија и тоа на 5 ти септември, 23 и 25 септемви од 20.00 часот.

Филмот е во копродукција на Црна Гора, Србија, Македонија, Чешка, Хрватска, Словенија и е снимен во 2023 година.

Два дена пред свадбата, Драгана, невестата, изјавува дека нема да се мажи, и покрај тоа што сѐ е подготвено. Лесо, немилосрдниот патријарх на семејството на младоженецот, ѝ го нуди на бунтовната невеста следново: истерај ја проклетата свадба и потоа оди каде сакаш. Таа прифаќа. Момо, младоженецот, сѐ уште ја сака и се надева дека ќе остане. Традиционална црногорска свадба со цела низа откачени ликови кои следат серија од апсурдни чекори, во комбинација со алкохол, пукање и динамит. Оваа весела фарса ќе ги изнесе на површина и нивните најлоши лични дилеми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни