Филмот „Gran Turismo“ за гејмер кој стана возач ја воодушеви публиката ширум светот

Во кината од од утре можете да ја гледате акционата спортска драма која на големото платно ја пренесува вистинската приказна за Јан Марденборо, гејмер и обожавател на серијата Gran Turismo, кој победи на натпреварот GT Academy во 2011 година против 90.000 играчи. Тој ја започна неговата професионална возачка кариера со само 20 години. Неговата феноменална животна приказна раскажува за неочекувана можност, напорна работа и остварување на детските соништа.

Трејлерот на филмот го прикажува тешкиот пат на Јан до успехот и славата, а прикажува и напнати, спектакуларни сцени со трка. Јан Марденборо (Арчи Мадекве) е тинејџер кој цел ден игра Gran Turismo и покрај приговорите на неговите родители. Но, кога ќе добие покана за натпреварот на GT Academy, Јан ќе добие шанса да го искористи своето гејмерско искуство за да ја освои главната награда – влегување во водите на професионалните трки!

Бидејќи филмот веќе имаше ограничено кино прикажување пред неговата премиера оваа недела, достапни се првите прегледи и оценки. Gran Turismo има високи 98% од публиката на популарниот сајт Rotten Tomatoes! Гледачите ги фалат тркачките сцени бидејќи поради автентичниот начин на снимање имаа можност барем на неколку моменти да ја почувствуваат напнатоста, притисокот и возбудата од професионалните трки, а дополнително ја пофалија и глумата на Дејвид Харбор како Џек Солтер и емотивната врска меѓу него како ментор и Арчи Мадекве како новопечениот возач Јан, кој се обидува да го пробие својот пат во конкурентниот свет на професионалните трки.

Необичен додаток на филмот е вистинскиот Јан Марденборо, кој во филмот се појавува како каскадер, па може да очекуваме напнати, жестоки и спектакуларни возења, но и искрена, природна и човечка приказна.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни