Филм на кој никој не се радува: Трејлерот за новата Снежана доби над милион дислајкови

Не престанува драмата околу новиот филм за Снежана што треба да биде објавен идната година. Филмот е римејк на анимираниот филм на Дизни од 1937 година, кој е делумно базиран на бајката „Снежана и седумте џуџиња“ од браќата Грим од 1812 година.
Фото: Disney

Сепак, судејќи по првите најави и реакции никој не е воодушевен од овој филм. Трејлерот за новата Снежана е објавен пред три седмици.

За тоа време собра повеќе од 9 милиони прегледи на Јутјуб, но и неверојатно еден милион дислајкови, наспроти само 80 илјади лајкови.

А во коментарите луѓето коментираат што мислат за овој филм и зошто истиот не им се допаѓа, иако се уште не е излезен.

„Единствено нешто што го направи Дизни со овој трејлер е што ги остави коментарите отворени“, „Конечно успеаја. Нправија филм што никој нема да сака да го гледа илегално на интернет“, „Дизни работи на мир во светот, бидејќи направија нешто што сите го мразиме“, „Ми го уништувате детството“ се дел од коментарите под видеото.

Во римејкот на Снежана глумат Рејчел Зеглер како Снежана, додека Гал Гадот ќе биде лошата кралица. Режисер на филмот е Марк Веб, а сценариото е подготвено од Грета Гервиг и Ерин Кресида Вилсон. Иако станува збор за адаптација на аниминариот филм, сепак ќе има и промени во приказната. Како што наведува Вараети, ѕвездите на филмот потврдиле дека овој пат Снежана нема да биде спасена од принцот.

Филмот стана предмет на контроверзии со изборот на Рејчел Зеглер како Снежана. Таа, пак, одговарајќи на критиките рече дека повеќе не е 1937 година и дека Снежана нема да биде спасена од принцот и дека не сонува за вистинска љубов, туку за да стане лидерка.

Од друга страна, изгледа дека Зеглер и Гадот не се во најдобри односи. Гал Гадот, која ја глуми лошата кралица е по потекло од Израел и јавно ја поддржува својата земја. А веднаш по објавата на тизерот за филмот, Зеглер на социјалните мрежи напиша „Слобода за Палестина“, што според многумина беше протолкувано дека е наменето кон Гадот.

Коментарот на Зеглер предизвика гнев помеѓу поддржувачите на Израел, кои ја обвинија за антисемитизам и најавија бојкот на филмот. Од друга страна, поддржувачите на Палестина уште од претходно најавуваа бојкот поради ангажирањето на Гадот во филмот.

Инаку, „Снежана и седумте џуџиња“ од 1937 година се смета за најважен филм на Дизни бидејќи неговиот успех помогнал компанијата да стане една од водечките креативни сили на 20 век. Тој исто така е првиот долгометражен анимиран филм во историјата.

Извор: Индекс.хр

Најново

Последни колумни