Филипини: Шест жртви од тропската бура Фенгшен, 22 илјади луѓе евакуирани

Шест жртви од тропската бура Фенгшен, што ја зафати Филипини

Тропската бура Фенгшен денес ги погоди северните и централните делови на Филипините и одзеде вкупно шест животи, принудувајќи повеќе од 22.000 луѓе да се евакуираат од селата загрозени од поплави и лизгање на земјиштето.

Тропската бура Фенгшен го премина заливот Манила напладне со постојани ветрови од 65 километри на час и налети до 90 километри на час, објавува АП.

Локален жител се удави во саботата во градот Роксас во покраината Капиз во централните Филипини, каде што поплавите во многу села беа влошени од зголемувањето на плимата, соопштија полицијата и покраинските власти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни