Спасувачките екипи на Филипините користат багери и моторни пили за расчистување на погодените области додека поплавните води постепено се повлекуваат од стотици села. Локалните власти потврдија дека до вторник бројот на загинати достигна најмалку 18.
Тајфун Фунг-Вонг, кој го расели 1,4 милиони луѓе, ослабна во силна тропска бура додека се приближува кон Тајван, каде се очекува да погоди копно во среда. Ова е втор голем тајфун кој во само неколку дена ја погоди земјата, откако претходно тајфунот Калмаеги однесе 232 животи.
Најголемиот предизвик останува обновата на основната инфраструктура – патишта, електрична енергија и комуникациски линии. На островот Катандуанес, едно од најтешко погодените подрачја, снабдувањето со вода може да се обнови дури по 20 дена.
На Тајван училиштата и канцелариите беа затворени поради обилни дождови и засилување на мусонот, а метеоролозите предупредија на можни 400 мм дожд за наредните 24 часа.
Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос, најави дека „состојбата на национална катастрофа“ прогласена по тајфунот Калмаеги ќе остане на сила целата година.
