Филипини прогласија четиридневна жалост по смртта на папата Франциск

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор прогласи четиридневна национална жалост по повод смртта на папата Франциск.

– Загубата на папата Франциск е момент на длабока тага и за Католичката црква и за филипинскиот народ, кој во него гледаше симбол на сочувство и непоколеблив застапник за мир, правда и човечко достоинство, изјави Маркос.

Претседателот и неговата сопруга ќе присуствуваат на комеморативната церемонија в сабота во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Папата Франциск почина во понеделникот на 88-годишна возраст од мозочен удар.

Тој ги посети Филипините во 2015 година, каде милиони верници излегоа да го пречекаат. Тоа е еден од најпосетените собири на папа во историјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни