Филипинец освои злато на ЛОИ и доби многу подароци, меѓу кои и доживотна колоноскопија

Фото: Philippine Sports Commission, Public domain, via Wikimedia Commons

Филипинецот Карлос Јуло освои два златни медали во два дена на Летните олимписки игри во Париз. Неговиот подвиг е најголема сензација на социјалните мрежи во таа земја, а вниманието го привлекоа и наградите кои тој ги доби. Поради одличниот успех, неговата влада и голем број на филипински брендови одлучија да го наградат.

Филипинските популарни и јавни личност, вклучувајќи го и претседателот Фердинанд Маркос и првата дама Лиза Аранета-Маркос му честитаа на Јуло и рекоа дека се навистина горди на него.Филипинската влада на гимнастичарот ќе му даде 10 милиони филипински пезоси (околу 160 илјади евра), награда која е ветена на сите освојувачи на златни медали.

Агенција за недвижност ќе му подари наместен трособен стан во Манила, а претставничкиот дом вети дека ќе му даде дополнителни шест милиони пезоси (околу 95 илјади евра). Во наградувањето се вклучија и медицински клиники и универзитети.

Гастроентеролог му понудил на Јуло бесплатни консултации и колоноскопии доживотно, додека Универзитетот во Минданао ветил бесплатно образование. Него, исто така, го чекаат доживотни залихи од рамен, пилешко на скара и друга храна.

Градот Манила му подготвува и голем дочек.

„Ќе имаме наголемо добредојде за него и сите наши олимпијци. Кога ќе дојде, на Јуло ќе му ги дадеме парични награди и симболи на вечна благодарност“ изјави градоначалникот Хани Лакун.

Извор: Индекс.хр

Најново

Последни колумни