Ексклузивно за Трн од Белград:

Филип Ејдус, професор на Факултетот за политички науки во Белград: Србија се наоѓа на прагот на вториот бран на демократизација

Србија се наоѓа на праг на вториот бран на демократизација во својата понова историја, а тоа е добра вест не само за нас кои живееме овде, туку и за регионот на Западен Балкан, но и за цела Европа

Илјадници студенти,средношколци и граѓани се собраа вчера на различни локации во Белград, носејќи транспаренти со слоганите „Генерален штрајк“, „Промената доаѓа со нас“, „Гласовите на студентите се гласови на промена“ , „Системот ве лаже“, „Нема да не газите“ , „Рацете ви се крвави“, „Генерален штрајк“ и „Студентите се разбудија“. Протестите кои започнаа со 15 минути молчење за 15-те загинати на 1 ноември кулминираа пред РТС на голем собир.

Многу професори досега ги поодржаа јавно своите студенти и нивните барања. Еден од нив, Филип Ејдус кој е е професор на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград и еден од иницијаторите на ПроГлас, во разговор за Трн вели:

-Србија се наоѓа во завршницата на длабока политичка криза на легитимитет и доверба. Таа започна со наместените избори во декември 2023 година, продолжи летово со повторното започнување на проектот за рудници на литиум и влезе во својата актуелна фаза по падот на надстрешницата во Нови Сад на 1 ноември. Студентите во крајот на ноември започнаа блокада на факултетите, разочарани од тоа што режимот испраќа свои насилници за да ги нападне додека мирно им оддаваа почит на жртвите. Од тогаш, во блокадите се вклучиле повеќе од 80 факултети од целата земја, а кон студентските барања за одговорност и правна држава се приклучиле од огромен број на граѓани, што вчера го достигна својот врв со повикот за генерален штрајк. Ова е најголемата студентска побуна од 1996/1997 година, и како и тогаш, авторитарниот режим е потполно немоќен пред неа. Србија се наоѓа на праг на вториот бран на демократизација во својата понова историја, а тоа е добра вест не само за нас кои живееме овде, туку и за регионот на Западен Балкан, но и за цела Европа – вели за Трн, професор Филип Ејдус.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни