Филип Аврамчев (АI Tech Summit): Вештачката интелигенција е огледало на човештвото денес

На почетокот на октомври во просториите на Македонска Опера и Балет се одржа првата конференцијата AI Tech Summit, во организација на TBM Group. На настанот познати говорници од компании како BCG, Google, Microsoft, BBC, ги споделија своите искуства во делот на вештачката интелигенција  на сцена пред публика од околу 300 посетители од ИТ и бизнис светот. Се зборуваше за концептите, конференцијата понуди и апликативни примери за користење на вештачката интелигенција во банкарството, индустриските машини за производство. Се отвори и темата за модалитетите за понатамошен развој на вештачката интелигенција, но и правните и етички дилеми кои постојано ја следат.

Со Филип Аврамчев, еден од организаторите на АI Tech Summit разговаравме за предизвиците околу организациајата на еден ваков светски настан, но и за дилемите кои ги отвара новата ера на вештачката интелигенција.

Факт е вели Аврамчев, дека вештачката интелигенција има влијание на сите индустрии. Новата ера може да донесе бран на отпуштања, но и нови работни места и позиции.

-Тргнавме од желбата да научиме нешто повеќе од светот и од овие реномирани експерти и да се осврнеме на тоа каде ние понатаму да го водиме општеството во ерата на вештачка интелигенција. На панелите се зборуваше дека вештачката интелигенција има страв дека ќе замени многу работни места, но се збореше и дека не мора да ги замени работните места, туку времето кое ние како луѓе го посветуваме на работата. Генерално, колку повеќе знаеме и што повеќе сме свесни за моќта и за предизвиците кои ги носи таа вештачка интелигенција, толку повеќе ќе бидеме спремни и помалку ќе се плашиме и секако ќе се адаптираме да направиме едно подобро општество- вели Аврамчев.

За него е ова е многу важна тема која што треба да се шири и со тек на време покрај учењето да се створи јавно мислење и да се работи на етичките и на сите правни норми кои треба да се подобрат со вештачката интелигенција.

-Јас мислам дека многу брзо ќе напредува вештачката интелигенција и имам апел до власта Министерството за информатичко општество да стане Министерство за информатичко општество и вештачка интелигенција, бидејќи мора некоја ингеренција конкретно за вештачка интелигенција да има во рамки на државата, а која во моментов ја немаме – смета Аврамчев.

Интересна беше пораката која една од говорниците ја имаше, а тоа е дека вештачката интелигенција и човештвото треба да имаат симбиотичка врска наместо конкурентна. Еден од најмоќните цитати од целата конференција е дека денешната вештачка интелигенција всушност е огледало на човештвото денес.

TBM Group како организатори на настанот планираат следната година во Скопје во септември или во октомври да организраат нов самит со нови говорници. Нормално, велат до тогаш вештачката интелигенција до толку ќе напредне, така што за темите дополнително ќе се договара.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни