Филхармонија го најави свеченото отворање на роденденска сезона ,,Одисеја” со Ана Дурловски

На концертот за првпат ќе прозвучат четири песни од циклусот “Шест едноставни песни” и Лид на Мариета од операта “Мртвиот град” од австрискиот композитор Ерих Корнголд

Филхармонија го најавува свеченото отворање на роденденска сезона ,,Одисеја” (2024/2025) на 10 октомври во 20 часот со македонската сопранистка Ана Дурловски.

На концертот за првпат ќе прозвучат четири песни од циклусот “Шест едноставни песни” и Лид на Мариета од операта “Мртвиот град” од австрискиот композитор Ерих Корнголд.

На програмата е и грандиозната симфонија во четири сцени – “Манфред” од П.И.Чајковски.

Концертот ќе го води нашиот шеф диригент – маестро Јерухам Шаровски од Израел.

“Го славиме Јубилејот” заедно со вас, нашата верна публика која будно нѐ следи секоја концертна сезона” , велат од Филхармонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни