ФИЈУК – саем на независна уметност на 27 и 28 декември во Трн Дебар Маало

ФИЈУК Саем досега се оддржувал на различни локации во Скопје, но исто така и во Прилеп, Куманово и Гевгелија и секогаш предизвикувал голем интерес

На 27 и 28 декември, во Трн во Дебар Маало, ќе се одржи ФИЈУК – саем на независна уметност, дводневен настан посветен на независната културна сцена, самоиздавањето и уметничките заедници.

Саемот ќе биде отворен во сабота, 27 декември, од 14:00 до 18:00 часот, со изложбата на Марко Печеновиќ насловена „Само напред“. Во текот на првиот ден, посетителите ќе имаат можност директно да се запознаат со делата на бројни независни уметници (околу 30) колективи и креативни работници, кои ќе претстават графики, илустрации, фотографии, принтови, книги, зинови, постери, текстил и авторски изданија.

Во недела, 28 декември, од 14:00 часот саемот на ФИЈУК ќе биде збогатен и со најнови локални музички изданија и ќе слуша Канал 103 – Зборуе Радио Скопје, целодневна програма за заедниците со архива, разговори, музички селекции и содржини посветени на независната културна и општествена сцена. Во недела ќе бидат одржани и две ФИЈУК работилници за печатење и колажирање.

ФИЈУК Саем досега се оддржувал на различни локации во Скопје, но исто така и во Прилеп, Куманово и Гевгелија и секогаш предизвикувал голем интерес кај публиката. Саемот обединува учесници од различни уметнички изрази и практики, со цел да поттикне директна комуникација меѓу уметниците и публиката, како и да ја зајакне локалната независна продукција и културните заедници.

ФИЈУК е отворен за јавноста и ги поканува сите љубители на уметноста, културата и алтернативните сцени да бидат дел од дводневната програма во Трн. Поддржете ја локалната културна сцена!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни