ФИЈУК саем на 7 март во Даре Џамбаз – Средба со локалната уметничка сцена

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со внимателно селектирана група на излагачи кои работат во различни медиуми

На 7 март, во просторот на Даре Џамбаз во Скопје, од 14 до 21 часот ќе се одржи ФИЈУК Саем – настан посветен на независната уметничка сцена и современите креативни практики.

Саемот ќе ја најави пролетта со промоција на книга со колажи од Милета Мијатовиќ, издадена од Longest Night – штампарски колектив од Гетеборг, Шведска. Во рамки на програмата ќе се одржи и работилница за колажи во организација на Скопје Колаж Колектив, како и музичка програма во живо. На саемот со своите дела ќе излезат: Longest night, Арт Еквилибриум / Бош Фестивал, Црна Хроника, Ертунч Сали и Кула, Тома Димовски, Ефиним Магазин, Јован Гаковски, Марио Каев, Beamoff.art, Филипа Сара Попова, Јана Николовска, Јелена Белиќ, Марко Трепески, Ева Симеска, Искра, Shock Troopers, Матеј Богдановски, Шарла, ХОПС Опции за здрав живот – креативни работилници под менторство на Љупчо Костовски, Партизанска штампа, Private Print, Шарла рекордс, Shock Troopers, Murat Kalkaman, Владимир Муратовски, Елица Димитрова, Матеј Богдановски, Дона Илијевска, Disease/Discops.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со внимателно селектирана група на излагачи кои работат во различни медиуми, меѓу кои фотографија, графика, музика, дизајн, поезија, колаж и сликарство. Настанот претставува платформа за промоција на нови автори и идеи, како и можност за директна средба помеѓу уметниците и публиката.

ФИЈУК Саемот има за цел да ја афирмира локалната креативна сцена и да создаде простор за размена на идеи, соработка и претставување на независната продукција.

По завршувањето на саемот, програмата продолжува со ФИЈУК афтер концерт на Милко, со почеток од 21 часот во Паб Ѕе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни