„ФИЈУК саем“ на 4 декември во „Лабораториум“

БОШ Фестивал, Партизанска штампа и Гола Планина Колектив на 4 декември од 17 часот во „Лабораториум“ го организираат овогодинешниот „ФИЈУК саем“

„’ФИЈУК’ доаѓа на санката на Дедо Мраз директно во ‘Лабораториум’. Не грижете се, и Баба Мразица е тука, во проѕирен комбинезон ќе нуди тазе графики и топли колачи! Дедо мраз не е тука, оти како ‘ФИЈУК’ нема друг“, стои во најавата за саемот.

Саемот ќе биде отворен со изложби на Атила Старк од Унгарија, Јован Гаковски и Мила Добревска од Македонија.

Затворање со музичко-сценски перформанс на Јован Гаковски, Јоана Ристеска, Иво Николовски и Гол Партизански Џем.

„Во склоп на саемот ќе има и работилници со колаж, пластелин, шпреса и сито печат во живооо!“, се вели во најавата.

„ФИЈУК саем“ е настан за промоција на независно издаваштво инициран од колективот Матријаршија во Белград, со цел да собере на едно место што поголем број на мали издавачи кои се бават со уметничка продукција и издаваштво на книги, фанзини, весници, цртежи, скици, слики, фотографии и музика. Целта е нивна промоција, поврзување, вмрежување и поголема видливост.

Истиот се шири во овој формат и под ова име и во Хрватска, Шведска, Словенија со повремени настани кои привлекуваат значителен број на публика, задолжително поддржан со музичка програма.

Учесници: Matrijarsija, Longest Night, Shock Troopers, Тома Димовски, Партизанска штампа, Арт Еквилибриум, СловоКулт, Јелена Белиќ, АШ, Матеј Богдановски, 5060, Луфтханза, Кула Колектив, Ана Таи Таи, Шарла Рекордс, Boiling Point (Kran Records), Green Hill Records, Indog
Лусиана Ампева, Издавачка куќа “Илика”, Скопје, Марта Патлиџанковска, Црна Хроника, Ана Спасова, Евгенија Трајковска, Теона Димитриевска, Бисера Бенко, Габриела Живковска, YOU, ПМГ Рекордингс, Тања Вукобрат, Дона Илијевска, Наташа Гелева, Јулија Ојден, Спознавање, Пондер.

Автор на плакатот Старк Атила ака @kulocity

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни