ФФМ отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради непочитување на минута молк

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минутата молк во чест на жртвите од трагичниот пожар од Кочани.

Во соопштението од ФФМ се наведува дека овој чин претставува недозволиво непочитување кон загинатите и нивните семејства, нагласувајќи дека фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство.


„ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата, со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот“, стои во соопштението.

Во него, исто така, се потенцира позитивниот пример на клубот Шкендија Арачиново, кој покажал достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ потсетува дека пред неколку недели веќе донесе одлука за празнење на трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување, мерка која ќе важи за сите клубови без исклучок.

Фудбалската федерација на Македонија повторно нагласува дека фудбалот мора да остане простор на фер-плеј, почит и достоинство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни