Започна едукативната програма на фестивалот Зрно 2025

Зрно е повеќе од фестивал – тоа е заедница што поврзува луѓе, култури и идеи, градејќи трајни релации меѓу поединци, институции и локални заедници

Во живописното село Смилево, под падините на планината Бигла, започна едукативната програма на
фестивалот Зрно 2025 – еден од клучните настани во областа на алтернативната фотографија во
регионот.

Како дел од фестивалската програма, на 19 јули, во соработка со НУ „Смилевски Конгрес“ и
патувачкото кино на МакеДокс, ќе се одржи јавен настан во центарот на селото. Настанот вклучува:

– изложба на австрискиот фотограф Флориан Копр во кооперацијата,
– проекција на филм под отворено небо, и
– акустичен концерт на Филис Синановска (тамбура, ут).

Овој ден ќе биде вистински спој на современата фотографија, традицијата, заедништвото и
отворениот дух на Зрно.

Фестивалот Зрно е посветен на алтернативната фотографија, со фокус на аналогни, историски
фотографски постапки-каде секоја фотографија се изработува рачно и е уникат. Покрај
работилниците, програмата опфаќа теренски активности, дискусии и простор за слободно творење –
сето тоа во опуштена и инспиративна атмосфера.
Мотото на овогодинешното издание е: ФотоСинтеза – основа на животот!

Зрно е повеќе од фестивал – тоа е заедница што поврзува луѓе, култури и идеи, градејќи трајни
релации меѓу поединци, институции и локални заедници. Фестивалот во Смилево претставува инспиративен спој на уметност, традиција и заедништво, промовирајќи ја алтернативната фотографија како уникатен начин на изразување и поврзување на луѓето. Со богата програма што вклучува изложби, филмски проекции и концерти, фестивалот ја поттикнува креативноста и ги зближува културните вредности, создавајќи силна заедница посветена на рачно изработената фотографија и слободното творење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни