Фестивал во природа на Плачковица

„Вртешка интердисциплинарни активности“

Фестивалот ќе има 10 т.н. „креативни зони“ распоредени низ планината Плачковица, а во својата програма вклучува концерти, театарски претстави, филмски проекции, како и можност за учество на активности како работилници, лаборатории, ателјеа, јога сесии, хајкинг, искачување на карпа, и посета на пештера

Третото издание на фестивалот „Вртешка Интердисциплинарни Активности“ (ВИА) – Open Source започна вчера и ќе трае до 31 август на планината Плачковица.

Активностите на фестивалот ќе се одвиваат околу планинарскиот дом „Вртешка“, кој се наоѓа 1090 метри надморска височина.

„ВИА е уметничка резиденција и фестивал која оваа година обединува повеќе од 40 млади уметници, креативци и младински иницијативи од различни професионални сфери, нудејќи им платформа за заедничко создавање и откривање“, велат од фестивалот, организиран од здружението „Купола“ во соработка со Дом на млади од Штип.

Петдневниот фестивал ќе има десет т.н. „креативни зони“ распоредени во природата и селата на Плачковица. Програмата вклучува концерти, театарски претстави, филмски проекции, како и можност за учество во активности како работилници, лаборатории, ателјеа, јога сесии, хајкинг, искачување на карпа, посета на пештера и друго.

Посетителите на ВИА 2024 можат да изберат помеѓу два вида карти, кој можат да се земат со пополнување на формуларот на овој линк.

Може да се набави еднодневна карта која вклучува превоз од Штип до планинарскиот дом, пристап до програмата, вечера и превоз назад истата вечер. А може да се набави и карта за целиот фестивал, која дополнително вклучува престој во планинарскиот дом или кампинг простор, како и прилика за учество на утринските активности

Од театарската сцена ќе учествуваат софиската независна театарска група „Штрих“, како и независниот театар Златен Елец. Стефан Младеновски, Анастасија Саздовска, Ана Тодоровска и други ќе ги претстават ликовните уметности, а Мојра, Ади Имери, Александар Бошков и Калата ќе имаат музички настапи.

Дополнително, здружението „Зборци“, кое има за цел создавање и промовирање на нови зборови во македонскиот јазик, ќе одржи интерактивна работилница. Ана Тодоровска, пак, лиценциран психолог и практичар на експресивна арт терапија, ќе зборува за предизвиците со кои авторите се соочуваат во креативниот процес.

Карти можат да се купат со пополнување на овој формулар, а може да ги селдите активностите на ВИА на Инстаграм.

Проектот е поддржан е од Министерство за култура и туризам, Скопско смут, Виталија, Кожувчанка, Нико Петрол, Кит – го и други пријатели на настанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни