Кулашите минатата година изјавија дека десетото издание на фестивалот „ЌЕ РОКА“ и навистина рокаше во секоја смисла на зборот. Голем дел од културните работници и припадници на независната сцена дојдоа да им изразат поддршка и да ги видат содржините на фестивалот, меѓу кои: Филип Јовановски, Ивана Васева , Биљана Тануровска, Бојана Јанева, Гоце Наумов и многу други.
„Под земја полесно се дише е ( самофинансиран ) мултимедијален фестивал кој што се одржува еднаш годишно, ( со пауза за време на короната ) веќе 10 години по ред. Секоја година се одржува на истото место, во подземните гаражи под Плочник.