Фестивалот Meet Prespa, кој ги поврзува луѓето од сите три страни на езерото, годинава се одржува по петти пат на неколку локации.
Државите кои се дел од овој фестивал, Македонија, Грција и Албанија, иако имаат политички несогласувања, Преспанското езеро ги соединува и со помош на културата ги обединува.
Со потпишување на Договорот од Преспа се реши деценискиот спор за името меѓу Грција и Северна Македонија. Денес можеме и да ги почувствуваме придобивките од овој политички договор. Овој Фестивал е потврда за тоа.
Следниот викенд од 23-25 јуни ќе се одржува Фестивалот „Запознај ја Преспа“, со богата програма која нуди врвно фестивалско искуство кое спојува музика, уметност, гастрономија и работилници. Фестивалот се отвора на 23 јуни со Мирко Попов и неговиот сет Македонија на винил во Брајчино. Во Брајчино истиот ден посетителите ќе можат да погледнат изложба и екоарт инсталации на Никола Узуновски и Арт резиденција на група уметници од Македонија и Грција.
Наредниот ден посетителите ќе можат да видат работилница за перспективите на Преспа како туристичка дестинација/собир на туристики работици и производители на локални продукти од трите држави кои ги делат водите на преспанското езеро. Локацијата на работилницата е во хотел МВР Крани.
Потоа на Дупени бич ќе настапуваат диџеи од трите држави под мотото од зајдисонце до изгејсонце.
Фестивалот се затвора со Фестивал на храна, традиционални преспански рецепти и земјоделски производи од регионот на Преспа во Македонија, Грција и Албанија со
локација во село Љубојно.
Претходно од 12:00 до 13:00 ќе се презентира европскиот фонд за Преспа. На презентацијата ќе говорат Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски интеграции , Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ, Јован Тозиевски, градоначалник на општина Ресен. Овој настан ќе се случува во двор на старото школо во Љубојно.
Организатори на фестивалот се НВО Преспа ГРАД, с.Љубојно, DMO Destination management organization Korcha, Prespa Tourism Association Lemos & Општина Ресен.
Содржините на фестивалот се подржани од Министерство за земјоделие, Министерство за култура, Секретаријат за европски прашања И со финансиска подршка на Европската Унија.
Meet Prespa е доказ дека животите можат да се подобрат со заеднички напор и може да се случат позитивни промени.