„Секој двор е сцена, секој жител е домаќин“ е своевидно мото на новото издание на мулдимедијлниот фестивал за заедничарење „комшиLOOK“, кој денес се сели селото Побожје.
„Целодневен настан исполнет со изложби во дворови, работилници, вкусна трпеза и музика под отворено небо“, велат организаторите.
Тие веќе ја објавија и целосната програма. Taa заочна од 10 часот, а ќе трае се до 21 часот.
„Во секој двор имаме прекрасни домаќини кои со цело срце се спремаат за вашето доаѓање. Возбудени сме за дружбата што следи и едвај чекаме да видите што сѐ ви подготвуваме заедно со мештаните на Побожје и нашите уметници“, посочуваат организаторите.
Во однос на превозот, инфомираат дека денес, недела 14 септември, автобусот број 61 ќе вози по саботен возен ред, на рута од Транспортен Центар, преку Бит Пазар, Чаир, Бутел, Кучевиште до Побожје.