Фестивалот „Bookstar 2024“ бара волонтери за јубилејното издание

Љубителите на литературата и културните настани имаат можност да станат дел од организацискиот тим на јубилејното издание на фестивалот за европска литература „Bookstar 2024“. Оваа година, фестивалот ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври на неколку локации низ Скопје, нудејќи богата програма исполнета со книги, читања и дружења со познати автори.

Организаторите упатуваат повик до сите заинтересирани да се пријават како волонтери и да придонесат за успешна реализација на овој културен настан. Волонтерите, како што велат од тимот на „Bookstar“, се тивката сила зад секој фестивал и играат важна улога во неговото одржување. Благодарноста кон сите досегашни волонтери е огромна, бидејќи нивниот ангажман секоја година помага фестивалот да расте и да се развива.

Пријавувањето за волонтери е отворено до 4 септември, а избраните кандидати ќе бидат контактирани најдоцна до 16 септември. Заинтересираните може да го пополнат формуларот за пријава на следниот линк: https://forms.gle/o89HDJ99EnZhVE8e9.

Фестивалот „Bookstar“ секоја година привлекува голем број на љубители на литературата, а ова јубилејно издание ветува уште повеќе културни содржини и интеракција со познати имиња од книжевната сцена.

Најново

Последни колумни