Фестивал на античка драма „Стоби“ во Велес

Претставите годинава ќе се изведат на сцените на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, поради реконструкцијата на Античкиот театар во Стоби.

Од 30-ти септември до 5-ти октомври во Велес ќе се одржи 21-то издание на Фестивалот на античка драма Стоби.

Претставите годинава ќе се изведат на сцените на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, поради реконструкцијата на Античкиот театар во Стоби.

Оваа година во официјална конкуренција за наградите се пет претстави од БиХ, Јужна Кореја, Бугарија, Унгарија и Македонија, а Универзитетот Прима Европа е во придружната програма.

Доделувањето на наградите ќе се одржи 5 дена подоцна на на 10 октомври кога ќе настапи Националниот ансамбал „Танец“.

Фестивалот го отвора претставата „Цар Едип“ на Народен театар од Сараево, во режија на Диего Де Бреа на 30-ти септември. На 1-ви октомври гостува театарот „Маладип“ од Будимпешта со претставата „Пенелопијада“, во режија на Жолтан Балаз.

На 2 октомври на програмата е претставата „Мир“ на театарот „Идиоти“ од Пјонгјанг, Јужна Кореја, во режија на Ли Сангмунг. На 3-ти октомври е македонската дуодрама „Нерон“ во режија на Ѓорѓи Ризевски во копродукција со МКЦ а на 5 октомври е „Едип и пророците“ на Драмскиот театар од Пловдив, во режија на Дијана Добрева.

4-ти октомври е наменет за придружната програма односно претставата „Античка драма, монолози и сцени“ на Универзитетот Прима Европа од Скопје.

„Фестивалот се потврдува како еден од најважните естетички полигони, на кој своите поетики ги презентираат исклучителни автори и претстави, што го прави фестивалот мост за меѓународна комуникација, преку кој патуваме сите. Фестивалот станува одлична платформа за културолошка размена“, изјави Сашо Димоски, селектор на годинашната програма.

Жирито што ќе ги додели наградите е во состав: Владимир Милчин (претседател), Маја Љутков и Ненад Витанов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни