Седните два месеци Илика ги посветува на феминизмот и женските автори.
,,Вртиме нов лист во нашиот книжевен кружок и најавуваме нов циклус, посветен на теориска литература. Одбележете ја пролетва како ФЕМИНИСТИЧКА ПРОЛЕТ и приклучете се на нашиот теориски книжевен кружок во „Илика“.Во следните два месеци (април и мај) ќе се нурнеме во три прекрасни теориски остварувања на три феминистички теоретичарки, во издание на „Сигмапрес“, „Тиииит! Инк.“ и „Слово“ велат од Илика.
Кога се средбите и што се чита?
- април: Франсоаз Вержес: „Феминистичка теорија на насилството“
- април: Ема Голдман: „Анархизам и други есеи“
- мај: Торил Мои: „Сексуална/текстуална политика“
Средбите ќе се одржуваат во пријатната атмосфера на кафе-книжарницата „Илика“ од 18 часот.
Трите средби на теорискиот книжевен кружок на „Илика“ ќе ги води, уредничката на издавачката куќа „Илика“, Катерина Шекутковска.
Најавете го вашето присуство преку испраќање на кратка порака на нашите социјални мрежи или на нашиот мејл ilika.publishing.shop@gmail.com