Убиство на протест во Минеаполис: федерални агенти отвориле оган и убија човек

Федерални имиграциски агенти во Миннеаполис убија 37-годишен маж за време на нивна операција, што ја зголеми тензијата во градот веќе потресен од слични инциденти

Во саботата наутро федерални имиграциски агенти, вклучувајќи припадници на Immigration and Customs Enforcement (ICE) и Border Patrol, отвориле оган во јужниот дел на Миннеаполис, при што е убиен 37-годишниот Алекс Џефри Прети (Alex Jeffrey Pretti), јавија натпартиските американски медиуми. Прети кој бил идентификуван од семејството, е медицински техничар на оддел за интензивна нега и терапија и локален жител, задолжен за грижа за пациенти кој бил активен во заедницата.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил додека федералните агенти спроведувале операција како дел од пооштрените имиграциски акциски мерки. Според изјавите на државни службеници, мажот се приближил кон агентите со оружје, по што службениците одговориле со ,,оган во самоодбрана“. Потоа бил прогласен за мртов на самото место.

Сепак, видео снимки и изјави на очевидци покажуваат друго: дека Прети најпрво бил забележан со својот телефон, а не со оружје, додека се обидувал да помогне на друг учесник на протестот. Семејството изјавило дека тој имал лиценца за носење на оружје, но видеата не покажуваат дека тој го употребил во моментот на инцидентот.

Инцидентот предизвика излив на гнев и протести низ Минеаполис, каде што демонстранти и локални жители се судираа со федерални сили. Гувернерот на Минесота, Тим Валц, го активираше National Guard за да помогне во справување со растечките немири, а локалните власти ги повикаа граѓаните на мир, објаснувајќи дека истрагата ќе биде водена од државата.

Ова е најновиот трагичен настан во низата конфликти поврзани со федералните имиграциски операции во Миннеаполис во последните недели, по што расте незадоволството од користењето на сила од федералните агенти и односот кон локалната заедница.

Овој случај не е изолиран настан туку дел од поширокиот спор околу улогата на федералните имиграциски агенции во САД, особено во градови како Миннеаполис каде што минатите инциденти веќе предизвикаа протестни движења и дебата за односот помеѓу федералните сили и локалните заедници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни