Вештачката интелигенција ќе може да предложи на корисниците да, на пример, бараат „девојка од Бруклин која работи во технолошката индустрија“, или да го подобри профилот на корисникот, за да биде попривлечен за потенцијални партнери, пренесува TechCrunch.
Новиот алат „Meet Cute“ќе им нуди на корисниците секоја недела „изненаден среќен состанок“, одбран од алгоритам, со што, како што објави Meta, ќе се намали заморот од бескрајно листање на профили.
Компанијата истакнува дека оваа функција ќе го олесни откривањето нови контакти, особено кај младите корисници.
Бројот на млади корисници на возраст од 18 до 29 години кои создаваат профили на Facebook Dating се зголемил за 10% во однос на минатата година, иако вкупниот број сѐ уште е помал од конкуренцијата, како што се Tinder и Hinge, кои бележат десетици милиони дневни активни корисници.
Facebook Dating е достапен во САД, во поголемиот дел од Европа, и во други региони, но за сега не е официјално лансиран во Северна Македонија.
Асистенти базирани на вештачка интелигенција веќе стануваат стандард во апликациите за запознавање, а извршната директорка на апликацијата Bumble, Витни Волф Херд, дури разгледува можност за воведување алат кој би учествувал на состаноци наместо корисниците.
Извор: N1info.rs