Факултетот за драмски уметности (ФДУ), кој е во блокада, објави дека вработените во Радио-телевизија Србија (РТС) ќе одржат собрание и ќе гласаат за можно радикализирање на актуелната блокада на јавниот сервис.
Полицијата утринава успеала да ги внесе вработените во зградата на РТС преку ќебапчилница, но при тоа дошло до турканици со студентите. Во еден момент се собрале голем број припадници на полицијата на едната страна, а студентите на другата. По кратко време, студентите изгласале да се вратат на иницијалната локација – главниот влез на РТС на улица Таковска 10.
По ова, полицијата и жандармеријата се повлекле.
Студентите ја блокираат зградата на јавниот сервис веќе трет ден.