FDA ќе ја забрани вештачка црвена боја во храната поради канцерогени својства

Американската управа за храна и лекови (FDA) ќе ја забрани синтетичката црвена боја број 3 во храната и пијалаците, откако истражувањата покажаа дека високи дози од оваа боја можат да предизвикаат рак кај глувците.

Овој адитив е одобрен уште во 1907 година и бил основен додаток во многу популарни производи, вклучувајќи слатки, житарици и диететски суплементи, па дури и смрзнато овошје.

Во 1980-тите години, истражувачите предупредиле за можноста овој адитив да предизвика рак, особено откако било утврдено дека големи дози на бојата предизвикуваат тумори кај машките глувци. Иако ова истражување предизвика загриженост, FDA не презеде итни мерки, наведувајќи дека ефектите врз луѓето не се исти.

Сепак, во последните години, под притисок на различни групи и законодавци, FDA се најде принудена да го преиспита својот став.

Забрана на адитивот во храната

На 15 јануари 2025 година, FDA повикувајќи се на законот за забрана на адитиви во храната за кои е познато дека предизвикуваат рак кај луѓето и животните, најави дека планира да ја забрани црвената боја број 3 од листата на одобрени адитиви. Инаку, одлуката, како главна вест беше објавена во бројни американски медиуми.

И Центарот за наука, кој во 2022 година покрена петиција за ова прашање, ја поздрави одлуката, при што потенцираше дека „доаѓа премногу доцна“. Од таму посочуваат дека бојата веќе е забранета во козметиката, но и понатаму била дозволена во храната и пијалаците.

Со ваквата одлука FDA ќе затвори уште една регулаторна контрадикторност, според која црвената боја број 3 беше нелегална за употреба во кармини, но дозволена во слатки. Центарот истакна дека со одлуката ќе се поништи оваа регулаторна двосмисленост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни